Има причина зошто постојано го носи: Харис Џиновиќ прв пат шеширот го тргна во јавност, еве како изгледа (ФОТО)

1818

Една балканска кафанска вечер не може да помине без песните на легендарниот Харис Џиновиќ, тој на сцената е повеќе од 30 години, но освен во младоста јавноста никогаш го нема видено без шешир на главата.

Имено пејачот е познат по својот заштитен знак – шеширот, кој тој никогаш не го трга од главата. Во својот гардеробер веројатно ги има стотина, во секоја боја и сите одлично му стојат, но сега јавноста дозна и зошто постојано ги носи.

Екипата на шоуто „Папарацо лов“ имаше можност да го следи Џиновиќ и да фати несекојдневен кадар.

Имено, екипата го фати Харис со неговата сопруга Мелина во еден ресторан. На пејачот изгледа му беше топло, па реши да го симне својот шешир и на сите им покаже што се крие под него. Причината поради која тој посојано го носи на главата е тоа што косата на горниот дел од главата на пејачот повеќе ја нема, па веројатно не му се допаѓа како изгледа со проретчена коса. Погледнете: