„Играв осум финалиња во ЛШ, освоив пет, а сите ме паметат по само едно“

615

Легендата на Милан, Паоло Малдини се потсети на финалето од Лигата на шампиони меѓу Милан и Ливерпул во 2005 година, а токму тогаш дефанзивецот постигна гол, но не го крена трофејот.

Малдини во првата минута од мечот ги поведе „росонерите“ во водство и така го постигна најбрзиот гол во историјата на натпреварувањето, но на крајот не го паметеше по добро.

„Мојот гол во 2005 година беше најбрз и најубав во Лигата на шампиони, а тоа е најдраматичен доказ дека работите не можат да се сфатат здраво за готово, а тоа е непредвидливоста, која го прави овој спорт неверојатен. ми доаѓа да се смеам затоа што играв осум финалиња во Лигата на шампиони и освоив пет, но луѓето го паметат само тоа. Бевме фаворити, игравме подобро, па ако ги прифатите тие ситуации, станува полесно за вас“, вели Малдини.