Игор Филевски за ригорозните мерки на Малта: „Тука можеш да одложиш, но не можеш да одбиеш вакцинирање“

668

Македонскиот спортски новинар, Игор Филевски – Филе, во емисијата „Студио 10“ на „ТВ 24“ раскажал каков е животот на Малта за време на пандемијата на коронавирусот и како се одвива вакцинацијата во оваа мала држава која брои околу 470.000 граѓани.

Филевски вели дека на Малта можеш да одложиш, но не можеш да одбиеш да бидеш вакциниран.

„Дневно се вакцинираат по 3000 луѓе. Има списоци, не можеш да се вакцинираш кога сакаш, едноставно ти пристигнува писмо во кое ти пишува кога и каде. Не можеш да одбиеш, можеш да одложиш еднаш или двапати ако нешто сериозно ти се случува, но не можеш да одбиеш бидејќи тоа подоцна работодавците ќе го имплицираат со отказ од работа“, вели тој и додава дека локдаунот заедно со системот на вакцинирање е функционален и дека летово Малта ќе биде ковид-слободна зона.

Новинарот зборувал и за казните за прекршување на Ковид-19 протоколите, кои на овој остров се многу ригорозни:

„Ако сте во карантин без симптоми, казната за напуштање на домот е 3000 евра. Ако добиеме симптоми, мора веднаш да се пријавиме по што добиваме нов карантин кој повторно се продолжува за 14 дена сè додека не се направи тест на кој што ќе бидете негативен. Казната изнесува 10.000 евра доколку заразен го напуштите домот. Ако случајно се докаже дека си го напуштил карантинот и си заразил друго лице, тогаш се оди и до казна 9 години затвор“.