Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, повикувајќи се на член 3 став 4 од Деловникот, на претседателот на Собранието Џафери му укажа дека ќе ги враќа материјалите кои се двојазични, бидејќи тоа е противуставно и противделовнички.
“Ние како Левица овие материјали од денеска ќе ви ги враќаме. Ова на албански јас не го разбирам. Барам во иднина на службите да им кажете дека јас не сум пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот, да ми доставуваат материјали исклучиво на македонски јазик”, рече Апасиев.
Апасиев го праша Џафери и зошто двата закони што тие ги поднеле не се ставаат на дневен ред, додавајќи дека тој е должен во рок од три дена да ги достави до пратениците, а веќе минале 3 месеци.
“Немам што да додадам во однос на процедуралното, во контекст на постапката што ја направи во Собранието и не бара дополнителни објаснувања. Во 1996 година имаше 11 години, доцна си дошол на оваа возраст. За среќа ние сме во 21 век, 2021 година и твојата постапка укажува дека си еден век назад во однос на перцепцијата и разбирањето”, му одговори спикерот Џафери на Апасиев.