Ставете 100 милилитри оцет во машина за алишта пред секое перење: Трик што штеди пари, ги отстранува флеките и непријатните мириси!

298

Уште одамна знаеме дека оцетот не е корисен само во кујна, но дали сте знаеле дека може да ви помогне и при перењето алишта? Одговорот се крие во петте најмоќни карактеристики на оваа течност…

1. Ги омекнува алиштата
Ова е исклучително важно кај перењето, особено кога се во прашање премногу тврди или густо ткаени работи.

2. Ги отстранува флеките
Оцетот многу лесно ги отстранува дамките од пот, маснотии, некои овошја.

Напомена: Кога отстранувате флеки од овошје, пред перење истријте ја дамката со оцет, па во преградата за омекнувач додајте уште 50 милилитри оцет.

3. Отстранува непријатни миризби
Додајте 100 милилитри оцет во преградата за омекнувач и ќе ги отстраните сите непријатни миризби од гардеробата, завесите, прекривките…

4. Отстранува дамки од ‘рѓа на облеката
Најупорните дамки се флеките од ‘рѓа. Ако ви се појават на облеката, измешајте малку оцет и крупна сол, па истријте ја флеката. Потоа, исперете ја облеката на вообичаениот начин.

5. Ја штити машината за перење и ја спречува појавата на мувла
Редовната употреба на оцет за време на перењето алишта придонесува за нормалната работа на машината, ја спречува појавата на бели наслаги од камен и појавата на мувла.

Покрај сите овие придобивки, ќе заштедите и многу пари, бидејќи оцетот е далеку поевтин од омекнувачот, а притоа ќе ја одбегнете употребата на хемикалии.