Наделеку е добро познато дека македонскиот музичар Џамбо Агушев е маестро на труба, ама сега се покажa и како маестрален романтичар кога е во прашање неговата сопруга.
Тој сакаше сите да ги видат, слушнат и разберат неговите силни љубовни емоции кон суопругата по повод годишнината од бракот.
ФОТО:ЏАМБО АГУШЕВ/ФЕЈСБУК
Џамбо објави неколку романтични фотографии заедно со жената на неговиот живот и се расплени со своите љубовни чувства во описот на објавата:

-Секогаш се молев да ја најдам вистинската љубов и моментот кога прв пат те видов, сфатив дека ми се исполни желбата. Годините никогаш не ги смениле моите чувства кон тебе. Мојата среќа се зголеми со зближување и од твоја страна и ќе продолжи да се зголемува секоја година. Среќна годишнина од свадбата, мојата драга сопруга, убавата мајка на моите деца. Многу те сакам!- пишува Џамбо.
ФОТО:ЏАМБО АГУШЕВ/ФЕЈСБУК
Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак повеќе од десет години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги и синот Мерт, и ќерка Мелинам која се роди во месец септември минатата година.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















