ТВ презентерката Татјана Стојановска ретко обајвува фотографии од својот приватен живот. Деновиве таа постираше заедничка фотографија со својот син Матеј, кој има 21 година и е студент.
Мојата гордост. Мојот син“ – напишала Татјана, гордеејќи се со својот единец, дете од некогашниот заеднички брак со фолк пејачот Благоја Грујовски.

И покрај разводот пред повеќе од една деценија, тие останаа во добри односи, комуникација и пријателски расположени еден кон друг… И заради воспитанието и нивото на култура кои и самите го поседуваат, но и заради воспитанието и грижата кон нивното зедничко дете, синот Матеј, кој како што може да се види на фотографијата израсна во прекрасно момче.
Блиските велат дека ТВ презентерката не само што е горда мајка, туку е и многу приврзана кон својот единец, а тој кон неа се однесува мошне заштитнички.