Компанијата „Витаминка“ денеска информира дека го реализирала првиот директен извоз за Јапонија по детално истражување на локалните пазарни специфики, конкуренцијата и прехранбените навики на Јапонците.
Испорачан е „карамел бисквитот“, адаптиран според јапонските стандарди, а од компанијата најавуваат подготовка и на нови артикли за јапонскиот пазар.
– Извезуваме во многу земји, со различни културни и прехранбени навики и различна структура на малопродажната индустрија од аспект на концентрација и формати, но извозот во Јапонија е посебно значаен затоа што овој пазар се издвојува со својот обем, високите квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики до кои успеавме да ги доближиме нашите производи. Се разбира, продорот што го направивме е резултат, пред се на квалитетот на нашите производи, како и извозната стратегија што ја развиваме континуирано и што дава позитивни резултати, вели Љупчо Велески, директор на Секторот за извоз во „Витаминка“.
Од компанијата соопштуваат дека извозот за Јапонија е поздравен и од Јапонската амбасада во земјава.
Моментално, „Витаминка“ има континуиран извоз во повеќе од 30 земји, а со вклучување на јапонски пазар, реализацијата на странските пазари го продолжува трендот на зголемување кон најдалечните дестинации.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















