Изградил свој затвор и бил сметан за Робин Худ во својот град: Ова се работите кои не сте ги знаеле за Пабло Ескобар

752

За Пабло Ескобар не треба многу да се зборува – овој човек живеел 44 години и станал еден од најпознатите нарко босови ширум светот, а често се смета и за најмоќен и најопасен криминалец со кој полицијата некогаш имала работа.

Меѓутоа, иако се снимени огромен број емисии и документарци за неговиот криминален живот, постојат работи кој ретко кој ги знае.

Криумчарел 15 тони кокаин на ден

Во текот на 80-тите години, Ескобар успевал секој ден во САД да прошверцува 15 тони кокаин. Веројатно сега ви е јасно како дури 80 отсто од вкупната количина на кокаин во Америка во текот на тие години дошла од рацете на Ескобар.

Имал многу прекари

Иако Кралот на кокаинот е неговиот најпознат прекар, Пабло пријателите и познаниците го нарекувале и Дон Пабло, Ел Доктор, Ел Падрино, Ел Патрон и Кум.

Трошел 2500 долари месечно на гумени ластичиња

Пабло во еден момент имал толку многу пари што месечно морал да троши по 2500 долари на гумени ластичиња за да може да ги врзува огромните количини на пари.

Го сметале за Робин Худ во својот роден град

Бидејќи бил син на фармер, му било познато како е да се биде сиромашен. Ескобар често говорел за тоа колку сиромаштијата оставила трага на неговиот живот, па затоа кога се збогатил тој се трудел да им помогне на најсиромашните, особено на децата.

Закопал дел од своето богатство

Како во пиратските приказни, Пабло закопал дел од своето богатство на непознато место. Од приказните на неговите познаници, тој ги закопал парите во пластични кутии. Еден фармер неодамна пронашол околу 600 милиони долари за кои се верува дека му припаѓале токму на Кралот на кокаинот.

Запалил 2 милиони долари за да ја згрее својата ќерка

Додека во 1991 година бил во бегство од светската полиција, Пабло се криел на разни места, а кога неговата ќерка се разболела, тој запалил 2 милиони долари во каминот за да направи оган и за да ја згрее.

Изградил свој затвор

Во 1991 година, Ескобар бил под голем ризик да биде екстрадиран од Колумбија во САД, па затоа се договорил со владата на Колумбија да отслужи петгодишна казна за да избегне служење на казна во САД. Тој за таа цел изградил свој затвор кој го нарекол Катедрала и го наполнил со луксузни додатоци како фудбалски терен, базен, водопад и телескоп кој му овозможувал да гледа директно во собата на својата ќерка. Сепак, тој излегол од затворот по само една година.