(ВИДЕО) Тензиите во Интер растат: Водачот на навивачите забрани да се слави голот на Икарди

373

Мауро Икарди синоќа се врати во составот на Интер.

Аргентинскиот напаѓач постигна гол од пенал во убедливата победа над Џенова од 4:0 на гостински терен, но за навивачите на „Нероазурите“, неговото враќање во екипата апсолутно не е важно.

Кога Икарди погоди од белата точка, водачот на навивачите на Интер на трибините забрани радување на погодокот, па едноставно ја замолкна трибината, покажувајќи дека Икарди едноставно не постои за нив.

Тоа е само уште еден доказ дека Аргентинецот ја загуби почитта кај навивачите на италијанскиот великан и можеби е јасен знак дека треба да си замине на крајот од сезоната.