Вработен во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар вчера попладне нашол пиштол и пари оставени во тоалет во едно од болничките одделенија.
По пријавата, полициски службеници утврдиле дека станува збор за пиштол „Црвена застава М-57“ калибар 7,62 милиметри со осум куршуми, футрола и три банкноти од евра и денари.
По проверките, утврдено е дека пиштолот е сопственост на И.С. (68) од гостиварското село Мало Турчане. Тој пиштолот го поседувал со дозвола, а според неговото кажување, пиштолот и парите ги заборавил на местото каде што се најдени. Полицијата врши проверки и го расчистува случајот.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)
































