Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓokовиќ му ја честиташе на српскиот народ Новата 7530 година.
Ѓоковиќ на Инстаграм напиша дека според овој календар, летото започнува на овој ден.
Нашиот календар го следи биолошкиот ритам на Земјата. Годината беше поделена на два дела, летото беше од Ѓурговден до Митровден, што се однесува на периодот на растечка вегетација и воопшто живот на овие простори. Годината имаше тринаесет месеци со по 28 дена и секој месец имаше четири недели, секоја недела имаше седум дена, како што одат месечевите мени.
На споменикот на Цар Лазар, деспотот Стефан Лазаревиќ, пишува дека битката за Косово се случила во 6897 година. Календарот е пресметан од моментот кога светот го создале боговите: Перун, Сварог, Стрибог, Црнобог, Триглав, Дајбог, Јаровид, Световид, Морана, Весна и Мокоча, пишува во објавата на Ѓоковиќ.