Габриел Батистута е име со кое пораснаа голем број на фудбалски фанови.
“Бати гол” остави неизбришлив траг со својата импресивна игра.
Најголем печат остави на стадионот “Артемио Франки”, во неговата омилена Фиренца. Аргентинскиот стрелец беше миленик на навивачите, каде помина прекрасни 9 години од својата блескава кариера.
По напуштањето на “виолетовите” успеа да го освои скудетото со Рома. Покрај ова достигнување, “предаторот” како вистински шампион се чувствуваше настапувајќи за тимот на Фиорентина. Oстана запишан како нивни најголем стрелец во тимската историја, со вкупно 152 погодоци.
Уживајте во ова видео.
Димитар Младеновски