33-годишната американска актерка и активистка Еван Рејчел Вуд во минатото зборувала за злоставувањето кое го преживеала од поранешниот партнер, но дури сега открила за кој станува збор.
Актерката започнала врска со музичарот Мерилин Менсон кога имала 18, а тој 36 години, но дури сега ги открила ужасните детали од врската која траела 4 години.
„Името на мојот злоставувач е Брајан Варнер, на светот познат како Мерилин Менсон“, ја започнала својата објава на Инстаграм.
„Започна да ме “припитомува“ додека бев тинејџерка и со години страшно ме злоставуваше. Ми го испра мозокот и со манипулација ме доведе во положба на потчинетост. Доста ми е од живот во страв од одмазда, клевета или уцени“.
„Тука сум за да разоткријам опасен човек и да ги прозвам индустриите кои го поддржуваат пред да уништи повеќе животи. Сочувствувам со многуте жртви кои повеќе не треба да молчат“, напишала Вуд и предизвикала лавина коментари, а по ваквата објава се огласиле и други жени кои Менсон наводно ги злоставувал.

Еван Рејчел Вуд во минатото открила дека еднаш била силувана во врска, а со оглед на тоа дека тогаш го премолчела името на силувачот, многумина заклучиле дека станува збор токму за Менсон.
Актерката во едно интервју го осудила и починатиот кошаркар Коби Брајант, велејќи дека тој бил голема ѕвезда, но факт е дека бил и силувач како и дека ќе продолжи да се залага за правата на жените.