Во недела ќе се жени градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, објави ММС.МК.
Избраничката на неговото срце е скопјанката Јелена Брауновиќ, наставничка во ОУ „Киро Глигоров“, со која се во врска неколку месеци.
Венчавката нема да биде во Македонија, туку во Косово бидејќи таму се запознале.
- “Да точно е дека ќе се венчаме со Јелена во недела. Се запознавме на Косово и бидејќи се почна од таму, па решивме почетокот на заедничкиот живот и крунисувањето на нашата љубов пред Бога, да биде во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница. Неколку месеци сме во врска, но доволно за да се запознаеме и да одлучиме понатаму во животот да го продолжиме заедно. На венчавката ќе бидат присутни само најблиските, со кумовите и старосватовите, а потоа ручек во ресторан. Свадбата ќе ка правиме тука , ама понатаму, кога и ќе го склучиме граѓанскиот брак. Сега ќе биде само венчавањето во црква”, рече Богдановиќ.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















