Ердоган со остра порака до Атина: Грција ќе го добие тоа што си го бара и што го заслужува!?

525

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини Грција и Кипар дека не ги исполнуваат ветувањата дадени за време на преговорите со Европската унија и НАТО, велејќи дека Турција соодветно ќе возврати.

Коментарите на Ердоган дојдоа неколку дена откако Анкара го врати истражувачкиот брод Оруч Реис на спорната територија покрај грчкиот остров.

Турските медиуми јавуваат дека два грчки воени брода го следат истражувачкиот брод.

Нашиот брод Оруч Реис се врати на должност во Медитеранот. „Ние ќе продолжиме да и одговараме на Грција така како што заслужува на теренот, исто како и на кипарската администрација од грчка страна, која не ги исполни своите ветувања дадени пред НАТО и ЕУ, рече Ердоган.

Тој не прецизираше какви се тие ветувања, но турските власти ги обвинија грчките колеги за правење на серија провокации во последно време, забележува АП.

Хајко Мас, министерот за надворешни работи на Германија, кој посредуваше во разговорите меѓу Атина и Анкара, ја критикуваше Турција затоа што презеде „еднострани чекори“ на истокот на Средоземното море, што ги поткопува напорите за ублажување на тензиите, јавија агенциите.