Седум полицајци загинале при пад на мал авион, во сопственост на турската полиција, кој се урнал во планините во источниот дел на земјата, соопштил министерот за внатрешни работи.
Авионот се враќал од надзорно-извидничка мисија доцна во средата, кога се урнал на планината Артос во источната провинција Ван, во близина на границата со Иран, им рекол на новинарите министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Министерот рекол дека последен контакт со патниците во авионот имале во 22:32 часот, а авионот исчезнал од радарот 13 минути подоцна, по враќањето кон аеродромот, по извидничка задача во провинцијата Ван и соседната провинција Хакари, која лежи на југот и се граничи со Иран и Ирак.

Авионот се урнал од висина од 670 метри. Остатоците од авионот биле пронајдени во околу 3 часот наутро, рекол министерот.

Сите во авионот, вклучувајќи и двајца пилоти, биле припадници на националната полиција. Причина за несреќата е под истрага, рекол Шојлу.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)




