На денешниот натпревар, Наполи славеше со 3:0 против Џенова.
Натпреварот и резултатот беше во втор план бидејќи тимската легенда на “сините”, Лоренцо Инсиње го одигра последниот натпревар пред домашната публика. Популарниот “Ил Мањифико” беше стрелец на вториот гол во 65-та минута а на две минути пред крајот го напушти теренот кога на негово место во игра влезе нашиот Елиф Елмас.
Публиката на стадионот “Диего Армандо Марадона” со овации го испрати својот херој а и долго по завршувањето на натпреварот околу 55.000 луѓе го скандираа неговото име. Инсиње помина 16 сезони во дресот на Наполи а веќе од поодамна се знае дека кариерата ќе ја продолжи во Американската “МЛС” лига, во дресот на Торонто.
Димитар Младеновски








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













