Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска и официјално треба да го комплетира трансферот од Фенербахче во Наполи кој го потврдија и двата клуба.
Елмас, заедно со својот татко и Никола Ѓошевски како негови менаџери кои изминатиов период ги водеа комплетните преговори околу трансферот, утрово од Истанбул веќе заминаа за Рим каде во главниот град на Италија претпладнево треба да се реализираат лекарските прегледи пред официјализацијата на петгодишниот договор со Наполи. Веднаш потоа најголемиот македонски фудбалски талент се приклучува на подготовките на тимот на Карло Анчелоти.
Трансферот е вреден 16 милиони евра, плус два милиони евра како бонуси откако големиот талент ќе одигра 50 натпревари во дресот на Наполи. Тој ќе биде вториот Македонец после Горан Пандев што ќе го носи дресот на славниот италијански клуб каде своевремено играше Диего Марадона.
Фенербахче, пак, официјално му заблагодари за придонесот што го даде во црно-жолтиот дрес посакувајќи му многу успеси на зелениот терен и во иднина.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











