Протече снимка од кражбата на вредната уметничка слика од Винсент Ван Гог во музејот Singer Laren во Холандија

168

Надлежните лица во музејот во гратчето Ларен, претходно соопштија дека се ‘бесни и разочарани’ поради тоа што се случило.

На интернет кружи снимка од кражбата на познатата уметничка слика од Винсент Ван Гог „Пролетна градина“ од музејот Singer Laren во Холандија.

Холандската емисија која што се занимава со решавање на злодела, објавила снимка на која се гледа како крадецот ја крши цврстата стаклена врата од музејот, во текот на раните утрински часови на 30-ти март.

Подоцна се гледа како истрчува низ просторијата носејќи ја скапоцената слика на Ван Гог во едната рака.

Холандските медиуми пишуваат дека полицијата се надева дека јавното прикажување на оваа снимка ќе помогне во понатамошната потрага по крадецот кој ја украл вредната слика од музејот Singer Laren.