Џоел Ембид има шанса да ја претставува Франција?

410

Додека се рехабилитира од повредата која ја заработи на шестиот меч против Торонто Репторс, за Џоел Ембид пристигна интересна информација.

Фаворитот за наградата MVP – најкорисен играч ова првенство, има шанса да заигра на престојното Европско првенство. На големо се зборува дека центарот на Филаделфија може да добие француски документи и да го облече дресот на “триколорите”. Европското првенство годинава ќе се одржи во четири земји, и тоа во Германија, Италија, Чешка и Грузија.

Ове не е прв пат Ембид да биде спојуван со француската репрезентација. Уште пред 4 години излегоа информации за можноста камерунскиот центар да заигра за Франција. Француските медиуми пренесуваат дека веќе се отпочнати процедурите околу добивањето на потребните документи по кој еден од најдобрите играчи во Светот би настапил на следниот мундијал. Доколку набрзо се завршат административните работи за очекување е поранешниот европски шампион да го има ултра талентираниот центар на располагање.

При ангажирање на Ембид, Франција ќе го има еден од најсилните центарски тандем кој сме биле во можност да ги видиме. Руди Гоберт кој е трикратен најдобар дефанзивец во NBA го носи дресот на Франција, а во (евентуален) тандем со Џоел Ембид ретко кој би имал шанса против “триколорите”. Последен пат Франција застана на европскиот врв во 2013 година кога во Словенија се играше финалето каде ја порази Литванија.

NBA FAN

Димитар Младеновски