Тензично во Москва: Братот на Навални ставен во домашен притвор. Кремљ се подготвува за нови протести

87

Рускиот суд во петокот одреди куќен притвор до 23 март за братот и неколку приврзаници на жестокиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, поради повик на протести минатиот викенд, а пред новите протести планирани за во недела.

Ројтерс пишува дека судските одлуки се дел од акцијата насочена кон сојузниците на Навални, откако десетици илјади луѓе се собраа на неовластени протести ширум Русија минатата сабота, барајќи ослободување на Навални од затвор.

Поддржувачите на Навални планираат да одржат нови протести низ целата земја во недела. Властите соопштија дека протестите се незаконски и ќе ги прекинат, пренесе Ројтерс.

Московската полиција објави дека ќе затвори седум метро станици и неколку улици околу Кремљ, во саботата рано наутро „поради повик за неовластен собир“, а тоа е прв потег од таква големина во последните неколку години, кој властите го направиле пред кој било протести.

Братот на Навални, Олег Навални , како и сојузниците Љубов Собол , Анастасија Васиљева и Олег Степанов беа ставени во домашен притвор до 23 март. Марија Аљохина , член на панк-групата Пуси Риот, исто така заврши во домашен притвор.

Сојузниците на Навални велат дека биле прогонувани за да ги смират нивните протестни активности и кампањи, што властите го негираат.

Претходно во петокот, истражителите издадоа потерница за Леонид Волков , близок соработник на Навални, откако тој беше официјално обвинет во отсуство за покана на тинејџери да учествуваат во неовластен протест против Кремљ минатиот викенд.

Волков во моментов е надвор од земјата.

Алексеј Навални беше уапсен овој месец за кршење на условната казна и ставен во притвор. Навални потоа се врати во Русија по лекувањето во Германија, за прв пат откако беше отруен од новичок во август минатата година.