Двата најмоќни гиганти ги соединија силите – едните работат на изработка на тестови, а другите ги доставуваат со брзина на светлината

214

Работниците во Амазон овие денови собираат и доставуваат тестови за коронавирусот, а нив ги прават истражувачи кои што се финансирани од страна на милијардерот Бил Гејтс, односно „Мајкрософт“.

„Seattle Coronavirus Assessment Network“ во соработка со Фондацијата на Бил и Мелинда гејтс, произведува тестови за коронавирус кои што според најновите информации ќе ги доставува екипата на „Амазон“.

Тоа подразбира колекција на брисеви за нос, за што неодамна пишувавме како што сите оние кои што немаат можност да се тестираат за коронавирусот, поради недостаток на тестови за истиот да можат да го направат тоа во своите домови.

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс и првиот човек на „Амазон“, Џеф Безос одлучиле да ги здружат силите и да им помогнат на жителите на САД така што вредно ќе работат на прозиводство, а другите на ефикасна достава на брисевите.

„Amazon Care“, медицинскиот сектор на компанијата, задолжен е за оваа активност. Од друга страна SCAN мрежата која што ја сочинуваат медицински научници, се обидуваат да дознаат како инфекцијата се шири во различни делови од општеството со цел да се открие текот на развивање на Ковид-19.

Работниците во Амазон прво ќе ги доставуваат тестовите до домашна адреса на луѓето, а потоа надредени лица ќе ги носат назад кај научниците. Доколку кај некој од нив се детектира вирусот таа личност одма ќе стапи во контакт со медицински лица.

Оваа соработка ќе допринесе во масовно тестирање на луѓето во САД, бидејќи таму има најмногу заразени.