Нова шпионска афера ја тресе планетата: Швајцарска компанија осомничена дека била фасада на ЦИА за шпионирање на 120 земји

619

Швајцарските власти денес соопштиле дека отвориле истрага за наводите дека Зуг, швајцарскиот произведувач на уреди за шифрирање, бил фасада со која управувале ЦИА и западногерманската разузнавачка служба, што им овозможило да ги разбијат шифрите на земјите кои ги користеле нивните производи.

Заедничката истрага која ја објавиле германската телевизија ZDF и Washington Post на основа на документите на ЦИА и германската разузнавачка агенција BND открила дека Crypto AG им донел милиони долари на овие две агенции, истовремено овозможувајќи им пристап до шифрираната комуникација на повеќе од 120 земји со децении, пренесува AP.

Главните противници на САД во студената војна, Советскиот сојуз и Кина, никогаш не биле купци на Crypto, но меѓу клиентите биле Иран, Индија и Пакистан, воените хунти во Латинска Америка и Ватикан. Меѓу другото, ZDF и Washington Post известиле дека разузнавачките агенции ги контролирале сите аспекти на работењето на компанијата од 1970-та година.

Тоа им овозможило да ги надгледуваат иранските мули во текот на кризата со заложниците во 1979-та година, да и пружат на британската разузнавачка служба податоци за аргентинската војска во текот на Фолкландската војна и да ги фатат либиските службеници кои го славеле бомбардирањето на берлинскиот ноќен клуб Ла Бел, кој го посетувале американски војници во 1986-та година.

Портпаролот на Швајцарското Министерство за одбрана, Каролина Бохрен, за AP рекла дека по истражувањето кое го спровеле медиумите, нејзината канцеларија го известила кабинетот за случајот Crypto AG на 5-ти ноември 2019-та година.

“Настаните за кои се разговара датираат од 1945-та година и тешко е да се реконструираат и интерпретираат во денешен контекст”, рекла таа.

Crypto, чии производи и натаму се користат во неколку земји, е ликвидиран во 2018-та година. Двете компании кои купиле поголем дел од неговиот имот велат дека немаат врска со ниедна разузнавачка служба.