Сите стравуваме поради коронавирусот, но ни се заканува нешто полошо

750

Пандемијата коронавирус го менува начинот на живот во целиот свет. Поради борбата со заразата, многу од државите ширум светот се блокирани…

Драстичните мерки кои што се применуваа во Кина во текот на епидемијата на коронавирусот го намалија загадениот воздух, со што потенцијално оклу 10-на илјади животи се спасени, тврдат научниците од Стенфорд.

Подобриот квалитет на воздуот, како што велат научниците од овој универзитет, би можел да спаси помеѓу 50.000 и 75.000 луѓе од прерана смрт.

Затоа, каналите во Венеција се почисти од претходно, бидејќи целосната блокада на Италија поради пандемијата на коронавирусот влијаела на намалувањето на загадување на истите.

Сепак, експертите и понатаму предупредуваат дека планетата станува сè потопла и сето тоа доведува до топење на мразот на Антарктикот и значително подигнување на нивото на водата во морињата. Поради тоа постои голем ризик ширум светот дека би дошло до ситуација светот да се справува со поплави.

Истражувачите истакнале дека глечерот Денман на Антарктикот во текот на изминатите 22 години има пет километри помалку мраз, што според некои прогнози би можело да влијае на зголемување на нивото на водата и до 1.5 метри, пренесуваат од „USA Today“.

„Источен Антарктик долго време беше помалку загрозен од Западен, но сега гледаме можност за нестабилност во двата региона. Мразот на Западен Антарктик се топи низ годините, но големината на глечерот Денман и неговото топење може да има сериозни последици кога станува збор за нивото на водата во морињата“ – вели Ерик Ригнот, еден од истражувачите од калифорнискиот Универзитет Ирвин.