Добила рак на кожата од сончање, од одмор наместо со црн тен се вратила со болест

395

Има луѓе, особено жени, на кои што им е битно да потемнат на летниот годишен одмор. За таа цел, подготвени се да направат сè само за да потемнат повеќе и побрзо, без да размислуваат за претераното изложување на сонце.

Така 30-годишната Лени Претинс од Глазгов доживеала вистински пекол, само затоа што сакала од море да се врати црна. Таа воопшто не користела крема за сончање со заштитен фактор, сметајќи дека така побрзо ќе дојде до посакуваната боја. Не само што ја добила бојата, туку добила и рак на кожа, за жал.

„Ја напуштив собата и веднаш отидов да се сончам и останав на сонце до вечерта. Се сончав на плажа, покрај базенот. Во Глазгов обезбедив солариум, три пати неделно. Баш бев глупава” , признава Лени која сега е лута на себе.

Таа ги посетувала најтоплите места во Европа за да поцрне што повеќе. Меѓутоа, се опаметила она утро кога приметила дека бемката има невообичаена, чудна боја.

Промената ја приметила пред две години и веднаш посетила доктор кој ѝ направил биопсија, а после неколку дена дијагностициран е рак на кожа.

Најдобро решение била операцијата со која би ѝ ја отстраниле бемката.

„Денес имам лузна од 7 сантиметри и страв за цел живот. Секој пат кога одам на преглед и ќе ми кажат дека ракот не се вратил, воздивнувам. Од тогаш станав многу внимателна кога сум изложена на сонце, користам фактори што ми одгвараат, 30 или 50, и користам хидратантни креми секој ден, дури и во зима” , вели Лени за „The Sun” и ги советува сите да извлечат поука и лекција од нејзината приказна, за тоа колку е сонцето штетно.