Ибрахимовиќ: Лос Анџелес веќе има Бог, а Леброн ќе биде крал

740

Фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, ја коментираше веста за преминот на Леброн Џејмс од Кливленд во Лејкерси.

– Сега Лос Анџелес има и Бог и Крал. Златан го поздравува кралот Џејмс, напиша Швеѓанецот на Твитер.

Претходно беше објавено дека Џејмс потпиша четиригодишен договор со клубот од Лос Анџелес за 154 милиони долари. Пред тоа, кошаркарот одби да го обнови договорот со Кливленд.