По внатрепартиските превирања во ДУИ од таканаречената „огнена група“, двајца од потписниците на јавното писмо, пратеникот на ДУИ, Изет Меџити и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, објавија фотографии заедно со пратеникот Кастриот Реџепи.

Пораката е јасна, огнената група на ДУИ станува посилна за еден пратеник во Собранието што може да предизвика сериозни проблеми во владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ.
Тоа е трет пратеник во огнената група на ДУИ, а се шпекулира и со името на Скендер Реџепи кој уште летово ја напушти пратеничката група на Алтернатива и најави делување како независен пратеник но во рамки на владејачкото мнозинство.
Доколку овој пратеник и даде поддршка на „огнената група“ тоа ќе бидат веќе 4 пратеници што значи дека на Ковачевски и Ахмети ќе им остане поддршка од само 60 гласа во Собранието. Во такви услови, под знак прашалник е како ќе функционира коалицијата на СДСМ и ДУИ која нема да има мнозинство.
Прв тест ќе биде гласањето на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа. Веројатно тогаш кога Владата ќе го предложи до Собранието и кога овој предлог ќе се најде на дневен ред ќе може да се каже дека Ахмети и Изет Меџити нашле заеднички јазик. Во меѓувреме, се очекува мнозинството да тактизира и воопшто да не го поднесува предлогот до Собранието.
Постои можност и за реконструкција на Владата која би подразбирала внесување на кадри во согласност со барањата на огнената група, односно смена на Груби и други министри на ДУИ.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



