Дибала пред премин во ривал за преполовена плата

688

Се појасно е дека Пауло Дибала ќе го напушти Јувентус.

Информациите кој секојдневно доаѓаат од Апенините го поврзуаат аргентинскиот репрезентативец со Милански Интер. “Газета дело спорт” информира дека Дибала е подготвен да потпише договор со “неро аѕурите” во вредност од 6 милиони евра годишно. Ова се смета за предавство од страна на неговиот сегашен клуб бидејќи Дибала инсистираше на нов договор во вредност од 10 милиони евра по сезона.

Со цел да направат простор во буџетот за евентуалниот ангажман на Дибала, Интер летово се очекува да се ослободи од Артуро Видал, Матијас Весино како и Алексис Санчез. Аргентинецот е поврзуван и со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид но голема е веројатноста да остане во Сериа А.

Причината поради која Пауло Дибала би дошол во Интер за помала плата е генералниот директор, Бепе Марота. Токму Марота го доведе во Јувентус од Палермо во 2015 година. До сега за “старата дама” има настапено во 207 средби на кој има постигнато 81 погодок.

Димитар Младеновски