Започна потерата по Ракитиќ – Интер подготви 35, Барса бара 45 милиони, клучот е во бонусите

150

Се погласните приказни за тоа дека кариерата на Иван Ракитиќ е се подалеку од Барселона ги разгоре шпекулациите за можниот трансфер во Интер и како се доближува летниот преоден рок се поизгледно е дека ќе добиеме уште една шпанско-италијанска сапуница со хрватски фудбалер во главната улога.

„Газета дело Спорт“, весникот кој е добро запознаен со случувањата во Милан и Интер, денеска излезе со насловна страна по која повеќе нема дилеми дали Ракитиќ е баран во Ломбардија или не. Се истакнува дека дистанцата никогаш не била помала меѓу двата клуба, што е прва и огромна почетна точка во целата приказна, а не се крие дека само детали практично ги делат двете страни од споразум.

Водачи на комплетниот проект се директорите Бепе Марота и Пјеро Аузилио, со амин на првиот човек на клубот Стивен Жанг. Идејата е веќе на лето да се ангажираат асови кои имаат лидерски способности, но и играчи кои веднаш можат да направат разлика. По договорот со Диего Годин, следен е Иван Ракитиќ.

Во клубот веруваат дека би можеле да најдат договор со Барселона на околу 40.000.000 евра, што во овој момент се смета за премија.

Интер за овој трансфер подготвил 35.000.000 евра, додека Каталонците бараат 45.000.000. Клучен фактор во преговорите би требало да бидат бонусите, кои сигурно ќе ги има.

Ракитиќ во моментов има договор со Барселона до јуни 2021. година, со годишна плата од 5.500.000 евра. Интер е подготвен да му понуди барем тригодишен договор и речиси идентична плата. Хрватот, наводно, веќе го избрал Интер бидејќи му се допаѓа идејата да игра во Милано, а Марота и Аузилио само чекаат момент кога челниците на Барселона ќе договорат официјален датум за трансферот на Ракитиќ.

За потсетување, светскиот вицешампион со Хрватска летоска во последните денови на август одби да прејде во ПСЖ за сума од 90.000.000 евра, на наговоро на тренерот Ернесто Валверде. Тогаш се очекуваше Ракитиќ кариерата да ја заврши во Барселона, но после официјализирањето на соработката со Френки де Јонг, работите драстично се променија.