Српската поп-ѕвезда Саша Ковачевиќ, пред сегашната врска со Зорана Тасовац, четири години се забавуваше со стјуардесата Јована Јоциќ.

Колку беше сериозна нивната врска , говори фактот дека Саша беше подготвен да ја ожени Јована, но на почетокот на минатата година врската „пукна“ и обајцата решија дека е најдобро да одат секој по свој пат.

„Останав со Јована во феноменални односи. Се слушаме, но често не се гледаме … Таа работи и поминува многу време надвор од Србија.Нема причина да бидеме во лоши односи. Ние толку многу време минавме заедно и проживеавме сèшто…
Тоа е така кога луѓето ќе се раздвојат на нормален начин, а од моја страна сè беше нормално. Нашето раскинување не беше бурно, се разделивме без грди зборови и навреди“ – изјави Ковачевиќ за српските портали откако се раздвоија со Јована.

Саша Ковачевиќ по распадот на емотивната врска со Јоциќ, вплови во нова љубовна приказна со моделот Зоран Тасовац, со која е и денес во врска.
Од друга страна, пак, Јована повторно се вљуби во познатото момче, Владан Савиќ, пејачот на „Магла бенд“.

<Нивните пријатели велат дека оваа љубов е вистинска и Владан ја чува Јована како капка вода на дланка. Тие двајца заедно патуваат на разни егзотични дестинации низ светот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















