Сера Кутлубеј која македонската јавност има можност да ја запознае по улогата на Џемре во турската серија „Суровиот град“ која моментално се емитува на ТВ Сител, е родена во Анкара. Таа дипломирала на Универзитетот во Галиција, отсек театар, а дебитираше на екраните во 2016 година, во серијата „Килибарна“.
Потоа ги привлече креаторите на серијата, а со тоа и публиката со својата неверојатна фигура и изглед! За Сера, оваа серија беше првиот голем проект во нејзината кариера.
Таа не само што поседува актерски талент, туку има и одлични вокални вештини. Таа ја изведе песната во една од епизодите на серијата „Суровиот град“.
Сера секогаш се обидува да научи нешто ново и не може да си го замисли животот без спорт. Слободното време го поминува далеку од градската врева, во природа или активни спортови (качување по ѕид, возење велосипед, играње кошарка).
„Луда е за читање, а кога и е тешко да заспие, таа секогаш зема книга. Сера ја сака природата и чистиот воздух, сака цвеќиња, животни, особено мачки“, велат нејзините пријатели.
Има мачка по име Џулиета и куче. Сера е разноврсна креативна личност: Покрај сите познати таленти, постои и друга – љубовта кон цртањето.
Погледнете како игледа таа во приватниот живот:















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





























