Црна Гора ја врати 14-дневната изолација при влез за македонските граѓани

586

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави чиишто кои немаат потреба од државен карантин при влез на црногорско тло. Тоа се должи на зголемувањето на случаите на коронавирус во нашата земја.

„Со епидемиолошка процена и анализа на заболувањето утврдено е дека стапката на активни случаи од 25 на 100.000 жители укажува на ниво на локална трансмисија што претставува прифатлив ризик за непречено движење и престој на граѓаните од тие држави во Црна Гора“, појаснуваат од Институтот за јавно здравство во Подгорица.

Подгоричките медиуми истакнуваат дека Македонија не е повеќе на оваа листа бидејќи споменатата стапка од 25 заболени на 100.000 жители е порасната, особено по бројот потврдени случаи во неделата.

Тоа ќе значи дека секој македонски државјанин кој ќе сака да влезе во Црна Гора, ќе оди во задолжителна 14-дневна изолација.

Само до саботата тоа не беше случај. Покрај Македонија, од листата со претходо 133 земји чии државјани може да влезат во Црна Гора, во неделата вечерта е отстранета и Ирска.

Претходно и Хрватска не дозволи влез за македонски државјани, а истото го најавуваат и некои други земји кои ќе прават „црни листи“ за странските државјани.