Се зголемува бројот на функцинери на СДСМ и на државни функцинери кои одат во самоизолација откако изминатите денови имале средба со потпретседателот на партијата и пратеник, Мухамед Заекири. Во смаоизолација денеска објавија дека се ставени и вицепремиеркста за економски прашања, Мила Царовска, но и директорот на финансосва полиција, Арафат Муареми. Во излоација од вечар се ставени и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и советникот на премиерот, Марјан Забрчанец.
Царовска, Манчевски и Забрчанец во четвртокот биле на состанок на кој присуствувал и Зекири, а информацијата за одење во самоизолација ја споделија на своите фејсбук профили, при што наведуваат дека на состанокот на кој присуствувале биле почитувани сите протоколи за заштита, како носење маска и држење растојание од 1,5 метри.
„Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома“, напиша Царовска на фејсбук.
Муареми исто така преку фејсбук информираше дека нема симптоми и оти во текот на неделава ќе се тестира за коронавирус.
И Манчевски и Забрчанец вчера информираа дека се без симптоми и дека ќе бидат во излација во наредните денови.
Состанокот на кој биле присутни двајцата министри, советникот во владата и потпретседателот на паритија се одржал во четвртокот попладне. Зекири вчера информираше дека е позитивен на коронавирусот, како и неговата сопруга и тримесечната ќерка.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












