12 починати и 161 болен од ковид-19 во последните 24 часа

91

Дванаесет починати и 161 новозаболен од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 771 тестирања, а регистрираните нови случаи на ковид-19 во: Скопје 90, Куманово 11, Штип 2, Прилеп 6, Тетово 5, Велес 4, Кавадарци 2, Гостивар 15, Струмица 8, Крива Паланка и Радовиш по 1, Кочани 3, Пробиштип 2, Берово 6, Валандово 1, Делчево и Кичево по 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти.

Починати се 7 пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82), пациент од Струга (67), од Тетово (85), од Битола (68), од Кавадарци (56) и пациент од Прилеп (63). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.788, бројката на оздравени пациенти е 17.392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.550. Од вчера се евидентира еден конторлен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 9.942, активни 2.674

Куманово 1.986, активни 225

Дебар 309, активни 50

Штип 1.446, активни 159

Прилеп 931, активни 226

Тетово 1727, активни 288

Струга 749, активни 75

Велес 433, активни 97

Битола 466, активни 151

Охрид 510, активни 86

Кавадарци 323, активни 85

Гостивар 1.040, активни 104

Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)

Струмица 588, активни 358

Крива Паланка 178, активни 62

Радовиш 172, активни 70

Крушево 20, активни 0

Кочани 569, активни 195

Пробиштип 141, активни 20

Демир Хисар 65, активни 4

Македонски Брод 98, активни 4

Пехчево 53, активни 7

Берово 170, активни 44

Валандово 83, активни 47

Виница 150, активни 49

Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица).

Направените 771 теста се преку: ИЈЗ 368, ЦЈЗ Скопје 45, Авицена 0,  Биотек 29, МАНУ 0, Клиника „Жан Митрев“ 158, Систина со PCR метода 154, лабораторија Лаор 0, Судска медицина 0, ЦЈЗ Битола 0, Инфективна клиника 10, ГАК 7, Синлаб 0, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има два приема, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 115

Гази Баба – 280

Аеродром – 534

Карпош – 446

Центар – 445

Кисела Вода – 320

Ѓорче Петров – 216

Бутел – 111

Шуто Оризари – 16

Студеничани – 5

Сарај – 16

Арачиново – 8

Илинден – 36

Сопиште – 21

Чучер Сандево – 9

Петровец –17

Зелениково – 8

Странец – 12

Нераспределен- 59