Кинески хакери биле одговорни за упад во базата на податоци на компанијата која произведува опрема за морнарицата на САД.
Биле украдени 614 гигабајти податоци во два одделни хакерски напади, изведени во јануари и февруари.
Весникот „Вашингтон пост” објави претходно, повикувајќи се на неименувани претставници на САД, дека кинеските хакери украле голема количина на доверливи податоци за подводни војување, вклучувајќи ги и плановите за суперсонична противбродска ракеза за лансирање од подморница.
Хакерите упаднале во системот на компанијата, која работи за Центарот за подводно морнаричко војување, со седиште во Њупорт во Род Ајленд.