Златан Ибрахимовиќ, кој оваа зима се врати во Милан, иако игра одлично не му помогна на тимот да ја крене формата.
Миланезите покрај на резултатски, се соочуваат со големи проблеми и внатре во раководството на клубот, па од таборот на „росонерите“ си замина Звонимир Бобан, а истото се очекува да го стори и Паоло Малдини.
Токму тоа била причината, 38 годишниот Ибрахимовиќ да побара средба со извршниот директор на клубот, Иван Газидис.
Бобан и Малдини се главните „виновници“ кои успеаја да го убедат Ибра да се врати на „Сан Сиро“, а сега кога нив ги нема играчот сака да се осигура дека неговата иднина во Милан е безбедна.
Затоа побарал итен состанок со Газидис за да види дали заминувањата на Бобан и Малдини го загрозија неговиот статус во Милан или се уште ќе се смета на него и за следната сезона.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















