Бокс корнер со Димитар Младеновски-“Тенк” Дејвис повторно незапирлив (ВИДЕО)

507

Возбудлива борба помеѓу двајца непоразени боксери рано сабајлево во Бруклин. Роландо “Роли” Ромеро го предизвика шампионот во лесна категорија Гервонта “Тенк” Дејвис.

Во првите пет рунди од дуелот двајцата боксери водеа дисциплинирана борба. Но, потребен е само еден удар од Дејвис за да се смени борбата, а во шестата рунда дојде до фаталниот исход.

Ромеро дуелот го отвори релативно дефанзивно што се покажа како пречка за обидите на Дејвис да го притисне и покаже својот заштитен знак – аперкатот. Таа стратегија функционираше добро за Ромеро додека одминуваа рундите, при што Дејвис кружеше околу рингот барајќи можности да слета наместо и навремено да ја пласира својата моќна левица.

Ромеро доби неколку опомени од судијата поради неправилни удари, но не беше земен поен. Се чинеше дека тој го чека вистинскиот момент за напад но во шестата рунда дојде до тешко разочарување. Дејвис мирно се ослободи од страна и го “навлече” Ромеро (необично) чист и отворен по што го испрати со лицето на подот.

Публиката беше во еуфорија. “Барклеј” центарот заслужено го скандираше неговор име. Дејвис ја одбрани титулата во ВБЦ категорија. За “Куршумот од Балтимор” ова е 28 победа (26 нокаут) и сеуште нема претрпено пораз. За Ромеро ова беше прв пораз во 15 професионални дуели.

Димитар Младеновски