NBA-Чешки тандем за силна Барселона

580

По разочарувачката сезона, тимот на Барселона е спремен на драстични промени.

“Каталонците” незадоволни од минатогодишните резултати се подготвени сериозно да се засилат. Според информациите кој доаѓаат од Шпанија, се работи за двоец искусни играчи кој доаѓаат од иста земја.

Чешките интернационалци Јан Весели и Томас Саторански се први на листата кој управата е решена да ги доведе во своите редови. Според “еуро хупс”, 32-годишниот Весели би потпишал три годишен договор вреден 1.8 милиони евра по сезона. Од друга страна Саторански (кој од 2016 година настапува во NBA) отворено изрази заинтересираност да се врати во дресот на “Барса” каде настапуваше од 2014 до 2016 година.

Интересно е што двајцата кошаркари се добри пријатели и (по изјавата на Саторански) би пристигнале во пакет како засилување за каталонскиот клуб. Во тимот сеуште ќе биде еден од најдобрите играчи во Европа, Никола Миротич а се очекува да му се понуди нов договор и на австралианецот кој пристигна од NBA минатото првенство, Данте Егзум.

Останува да видиме што ќе се случи за неколку недели откако официјално ќе завршат првенствата во Европа и ќе започне преодниот рок.

Димитар Младеновски