Почетна Живот Олива Росио – вереницата на Марадона плачеше во живо во програма: Неговото...

Олива Росио – вереницата на Марадона плачеше во живо во програма: Неговото семејство не ми дозволи да се простам од него (ВИДЕО)

78

Росио Олива, поранешната избраничка на легендарниот  Диего Армандо Марадона е очајна бидејќи не и дозволија да се збогува со поранешниот вереник. Росио беше последната голема љубов на славниот фудбалер. Тие беа во сериозна врска од 2012 до 2018 година. Во 2018 година, Марадона ја запроси својата 29-годишна девојка, таа доби прекрасен дијамантски прстен и се чинеше дека ќе го поминат остатокот од животот заедно. Сепак, нивната врска наскоро пропадна. Тие се разведоа во декември истата година, а само неколку месеци подоцна, поранешниот фудбалски ас беше уапсен бидејќи Олива го тужеше за 5,7 милиони евра поради наводниот долг кон неа.

Олива сега тврди дека подоцна ја изгладиле односите и дека останале во контакт. Наводно, тие последен пат се виделе во март, а после тоа често се слушале на телефон. Сега таа е очајна бидејќи членовите на семејството на Марадона не и дозволуваат да се збогува со поранешниот свршеник. Во едно телевизиско интервју, таа низ солзи раскажа низ што минува низ моментов.

„Ме боли што не ме пуштаат внатре. Не дозволувајќи да влезам, го повредивте и Диего. Јас сум неговата последна сопруга, никој не го разбира тоа. Тие ми велеа да дојдам во 6 часот наутро со сите оние луѓе и со пошироката публика. Срамота. Не знам зошто го правеа тоа, не провоцирав никого. Диего беше мојот поранешен, сакав да го поздравам и да се збогувам. Морав да се збогувам со него“ -раскажа Олива и додаде:

„Тој сакаше да бидам таму до неговиот последен здив. Ќе го придружувам без сомнение, но ова ќе остане во моето грдо сеќавање. Само ние знаеме каква врска и љубов имавме и колку се сакавме. Кога започна пандемијата во март, повеќе не го видов. Само убаво разговаравме на телефон “.

Олива истакна дека Диего многу ја сакал и дека имал златно срце.

„Имам убави спомени, Диего многу ме сакаше. Тоа ми ја исполнува душата. Се чувствувам многу тажно, Диего беше многу важен човек во мојот живот. Секогаш ќе го паметам за добро. Тој беше добар кон мене и моето семејство“ – вели Росио.