Селекторот на Германија, Јоаким Лев зборуваше на стандардната прес-конференција пред натпреварот со Македонија. Нашиот национален тим гостува во Дуизбург кај „панцерите“, во дуел од третото квалификациско коло за Светското првенство. Искусниот стручњак нагласи дека нема опуштање и потенцира дека Македонија е незгоден ривал.
„Германија не смее ништо да сфати здраво за готово. Македонија е незгоден ривал и ова ќе биде натпревар на кој ќе треба да се потрудиме за да дојдеме до трите бода.
Медицинскиот тим ми даде слика за расположливите сили. Робин Госенс ќе биде спремен за последниот тренинг и натпреварот, а против Македонија ќе одиме со познат тим и единствена недоумица е Тимо Вернер. Промена ќе има на голот, каде што ќе застане Тер Штеген“, изјави Лев.
Германија по две кола е максимална на челната позиција од табелата, па утре против Македонија со сигурност ќе сака да ја продолжи добрата низа. Од друга страна, Македонија загуби во Букурешт и слави со Лихтенштајн во Скопје, а ниту утре нема да излезе со „бело знаме“ против гигантот.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















