„Важно е секој да има свој свет“: Даниела Димитровска откри како функционира нејзиниот брак со Огнен Амиџиќ

66

Манекенката и сопругата на Огнен Амиџиќ, Даниела Димитровска во интервју за „Премира“ откри дали манекенството подразбира одрекување на некои работи.

„Кога на рана возраст ќе се одлучите за некоја професија која бара многу одрекувања, знаете која ви е целта и тоа на некој начин е вложување во секоја работа. Иако јас немав некои жртвувања“ вели Даниела.

ФОТО: ПИНК.РС

Неодамна нејзиниот сопруг, Огнен Амиџиќ се соочи со корона и беше хоспитализиран. Даниела откри како семејството го надмина тојпериод.

„На се ова што ни се случува и на нас и на целиот свет гледам како некоја лекција, па така и во нашиот случај беше лекција, а кој како сфатил ќе видиме во иднина. Едноставно, нема последици, ја учите лекцијата и тоа значи да одите кон подобро“ вели Димитровска, а потоа ја откри тајната за успешан брак.

ФОТО: ПИНК.РС

„Многу е важно секој да има свој мир, свој свет, своја работа, бидејќи во бракот е важно индивидуално да бидете задоволни, а и важно еднаш неделно сите да бидете заедно бидејќи не можеме да живееме во време како на нашите родители и сите заедно да ручаме во три“ изјави сопругата на Амиџиќ.

Љубовта меѓу Даниела и Огнен трае повеќе од 10 години, а од бракот го имаат синот Матеј.