Бокс корнер со Димитар Младеновски – Гордоста на Бруклин (ВИДЕО)

1591

Од ризницата на таленти кој ни дошле од (легендарниот) Бруклин, во моментов сме сведоци на (можеби) најуникатната. Теофимо Андрес Лопез Ривера, за многумина, е најатрактивниот боксер (во лесна категорија) кој се појавил во последните 3 декади. Во последната година, секојдневно споредуван со единствениот Принц Насим Хамед, посебно по шоуто кое го приредува пред и за време на борбите.

Со импресивен скор од 15-0, 22 годишниот “Тео” од ден на ден, претставува се посериозен кандидат за обединување на титулите во лесна категорија. Од 2019 година е носител на IBF титулата. Јавноста за него разбра во 2016 година кога успеа да го освои сребрениот медал, претставувајќи го Хондурас (родната земја на неговите родители). Под надзор на својот татко, кој му е личен тренер од најрана возраст, Лопез успеа да се пробие и да ја раздрма сцената како ретко кој досега. Неговата молскавична брзина, комбинирана со стратно моќниот десен удар, го прават сериозна закана за секој кој ке му застане на патот.

Потенцијалот и талентот на ова младо момче се неспорни. Напредокот во неговата техника е посебно забележителен во последно време. Она што го прави посебен се неговите атрактивни потези како и уникатните настапи пред влегувањето во рингот, како и по завршувањето на мечевите. Лопез приредува вистинско шоу. Времето ке покаже дали овој уникатен фајтер ке остане подеднакво импресивен во дуелот со најсилните ривали во својата категорија. Едно е сигурно. “Гордоста на Бруклин” никого не може да остави рамнодушен.

Димитар Младеновски