Сонце на Мајорка, ладни пијалаци, неочекувано заведување, врел секс и мрачни заплети – тоа е летниот филм „Fall for Me“ на „Netflix“.
Во првите четири денови (од 21 до 24 август) еротскиот трилер со Свења Јунг и Тео Требс во главните улоги, собра веќе 16,5 милиони прегледи, според листата на „Netflix“.
На листата се филмови кои не се од англиско говорно подрачје, а драмата на режисерката Шери Хорман минатата седмица го зазела првото место, соопштиле од компанијата.
Во 37 земји е на првото место, меѓу нив Германија, Австрија и Швајцарија, но и во Италија, Холандија, Либан, Бразил и Колумбија.
Во повеќе од 90 земји филмот се нашол меѓу 10-те најгледани.
Кога самоуверената ревизорка Лили ќе ја посети својата помлада сестра на Мајорка се случуваат неочекувани работи. Лили се запознава со таен бармен во еден клуб, а сестра ѝ одненадеж се вери со Французин. Парот прави планови за иднината.
Во филмот има повеќе сцени со секс, впечатливо режирани, на пример на балкон, на плажа и во кујна.
За критичарите тоа е премногу клише и едноставно, па единствените убави кадри се од омиленото летувалиште за многумина кое го привлекува вниманието.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













