Бокс корнер-Силен судир во Лос Анџелес (ВИДЕО)

323

Рано утрово, се случи долгоочекуваниот судир во тешка категорија помеѓу поранешниот светски шампион Енди Руиз и Луис Ортиз.

Беа потребни сите 12 рунди за да се одлучи победникот. Заслужено, со едногласна одлука триумфот му припадна на Мексиканскиот борец, Енди Руиз. Пред прполната “Крипто Ком Арена” (поранешен “Стејплс центар”) во Лос Анџелес, Руиз го испрати Ортиз три пати на земја и доминираше во текот на дуелот. Во наредните денови ќе следува подетална анализа на тешкашкиот судир.

Ова беше 35-ти Триумф за Руиз, кој има и два порази. Од друга страна Кубанецот Луис “Кинг-Конг” Ортиз го претрпе третиот пораз во професионалната кариера а има триумфирано 33 пати.

Димитар Младеновски