„Бјути бар“ совети: Преку ботокс до совршени трепки!

1679

Како што сите знаеме, постојат повеќе начини за да се истакнат очите. Маскарата, веќе полека се заборава и жените се одлучуваат за методи кои ги прават поубави и со повпечатливи трепки. Денес се повеќе се зборува за методата БОТОКС на трепки. Густи изразени трепки со волумен кои за секунда го освежуваат вашиот изглед. Оваа метода подразбира извиткување, згуснување, нега, храна и зајакнување на трепките.

Комплетно здравствено безбедно. Третман кој ја нагласува вашата природна убавина, дава ефект на волумен и нахранети влакненца со кератин. Кератинот претставува протеин кој служи како заштита на епителните ќелии, кои се оштетуваат по пат на стрес и надворешни фактори. Тој претставува главна компонента на косата а воедно и на трепките, ноктите и кожата. Овој ботокс е наменет за жени кои не се задоволни со своите природни трепки , не сакаат да носат екстензии и сакаат да ги опорават трепките од корен, како и оние што имаат спуштен капан на очите.

Третманот трае околу 1 час, потполно е безболен и пријатен. На крајот од третманот трепките се фарбаат со боја прилагодена на вашиот тен и боја на коса. Уште една предност на оваа метода е дека не ве обврзува да доаѓате секој месец на корекција како што е случајот со надградбите и продолжетоци на трепки. Третманот е неинвазивен, па може да се прави и на екстензии , но сепак мора да поминат 48 часа за да се одморат очите од лепилото.

 „Бјути бар“ ќе го исполни вашиот сон до совршени трепки… Контактирајте го тимот и информирајте се подетално! 070 666 221

Советува: Маја Јовановска од „Бјути бар“