28-годишната дизајнерка била искрена: “Секогаш имам секс на првиот состанок”

379

28-годишната дизајнерка Елисија Даунингс се “пофалила” дека секогаш спие со момчето веќе на првиот состанок и дека тоа е најдобар индикатор да провери дали има хемија помеѓу нив.

Таа вели дека така, без оглед на тоа што многумина ја нарекуваат “лесна девојка”, најбрзо дознава дали момчето сака само да спие со неа или сака нешто долгорочно.

“Ако е типот заинтересиран само за секс, ќе исчезне по првиот или десеттиот состанок, сеедно”, вели Елисија и додава дека тогаш е “подобро да исчезне по првиот состанок” бидејќи така нема да губи време на такви мажи. Вели и дека најчесто излегува со мажи кои ги запознава на интернет, а ако ги запознае преку социјалните мрежи, прво испитува каков е нивниот карактер пред да ги покани на состанок.

“Секогаш прво проверувам дали имаме нешто заедничко, па однапред знам дали може да има некаква хемија помеѓу нас”, раскажала дизајнерката и напоменала дека на состаноците секогаш носи нешто што ѝ ласка на фигурата.

Вели и дека однапред знае дали ќе спие со момчето, а потоа му го дава тоа до знаење преку “говорот на телото”.

“Секогаш сакам сексот да изгледа како страстна сцена од филм, но тоа не е секогаш можно, а зависи и од тоа колку ќе испиеме таа вечер”, раскажала дизајнерката и напоменала дека имала и добри, но и лоши искуства.

Вели дека добриот секс помеѓу неа и партнерот има хемија и кога тој однапред знае што таа би сакала без да му каже. Признала и дека при сексот на прв состанок имала повеќе негативни отколку убави искуства, но сепак мисли дека тоа е добра одлука. Со последниот маж со кој спиела имала одличен секс и останала цела вечер кај него.

Елисија напоменала и дека не би спиела со момче кое е во врска и дека мажите понекогаш знаат да ја излажат па затоа инсистира тие да користат кондоми за време на сексот.

“Кога бев млада, знаеше да ме понесе ситуацијата и не користев заштита, но потоа секогаш се чувствував лошо”, се присетила дизајнерката но сега вели дека е “постара и помудра”.