Агуеро ѝ кажа „да“ на Барса со договор до 2023 година!

855

Екипата на Барселона го договори првиот голем трансфер за следната сезона и во своите редови ќе го има аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро.

Аргентинецот кој важи за еден од најдобрите голгетери во Премиер лигата си заминува од Манчестер Сити по крајот на актуелната сезона, а ќе пристигне во Барселона како слободен играч.

Добро упатениот италијански новинар Фабрицио Романо пишува дека трансферот е готов и дека Агуеро се согласил на трансфер во редовите на шпанскиот тим. Договорот ќе биде до 2023 година, а во него има додатен финансиски бонус ако Барселона ја освои ЛШ.

Знаејќи ја блискоста меѓу Серхио Агуеро и Лионел Меси (тие се кумови), нема да изненади ако и Меси остане дел од тимот од „Камп Ноу“ следната сезона и двајцата го предводат нападот.

Следна мета на некогашниот шпански првак и освојувач на ЛШ е Мемфис Депај од Лион.