Вчера им падна најлесниот, денеска – најтешкиот: Шкендија во второто коло ја чека поранешен европски првак!

767

Македонскиот шампион Шкендија го доби шкотскиот великан и бивш европски првак Селтик за евентуален противник во второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, откако денеска во Нион беше извршена ждрепката за второто коло.

Шкендија во првото коло ќе се соочи со најлесниот противник кој можеше да им падне, естонски Номе Калју, па ако го монат овој противник во втората рунда најверојатно ќе ги чека Селтик, кој во првото коло ќе се соочи со босански Сараево, чиј капитен е македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.

Според ждрепката Селтик, кој е апсолутен фаворит со Сараево би бил домаќин на Шкендија во првото коло, а тетовци би биле домаќини во реваншот.

Првите мечеви се на програмата на 23 и 23 јули, а реваншите на 30 и 31 јули