Меџик Џонсон, па Лука Дончиќ: Неверојатно достигнување на младиот Словенец

56

Медисон Сквер Гарден е една од најкултните арени во САД, не само кога станува збор за кошарката, туку генерално, во спортот.

Тоа го дозна и Лука Дончиќ кој синоќа стана првиот играч по Меџик Џонсон кој оствари трипл-дабл во МСГ пред да наполни 21 година. Словенецот постигна 31 поен, 10 скока и 11 асистенции иако Далас загуби со 103:106 од Њујорк Никс.

Дончиќ го одигра натпреварот со 20 години и 259 дена и не успеа да го помине Меџик кој до рекордот стигна на 2 мај 1980 година, беше 84 дена помлад од играчот на Мавс. За Дончиќ ова е петти трипл-дабл сезонава на само 11 натпревари.